мора (гл.) - будно (прил.)

Само зјапа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Некој ти зборува а ти не смееш да си дозволиш да го слушаш, мораш будно да следиш што се случува, затоа што секоја секунда е потенцијално опасна, затоа што животот и смртта добиваат сосема други димензии кога си вака безусловно врзан за друго човечко суштество, затоа што нема назад откако тоа еднаш ќе го почувствуваш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа мора будно да ги користи пукнатините кои одредени врски ги отвораат во надзорот на сопственички сили.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Морав будно да пазам на секој негов заспан чекор.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)