мора (гл.) - најпрвин (прил.)

Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа најискрено сметала дека ќе морам најпрвин во себе да ги надраснам чувствата кон Катерина а потоа сè ќе било поинаку и полесно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)