мора (гл.) - секојдневно (прил.)

Сред екот на моето отворање приватен бизнис, борбата за негово разработување, трчање по инспектори и заводи, правење реклами, осмислување промоции, следење лагер и производство, контролирање вработени... ја морам секојдневно да се грижам за такозвана "оставштина".
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Обиди се, драги мој, да го сакаш оној што со години ќе мораш секојдневно да го среќаваш, да разговараш со него и да се дружиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Културата е една артифициелна идеја којашто мораме секојдневно да ја откриваме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Денет: Имате ли некакви решенија, дефиниции?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)