мора (гл.) - токму (прил.)

Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мораше некои страници полни со лага да бидат избришани. Мораше токму пред пристигнувањето на Ѓорѓе картите да бидат отворени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бикот на алтернативните светови мораме токму тука да го зграпчиме за роговите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Јас не сакам, ама некој мора. - Не мораш токму ти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бикот на алтернативните светови мораме токму тука да го фатиме за рогови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од бебешки денови создаваат робот и никако не можеш да се ослободиш од: миј заби, миј лице, триј раце со сапун, облекувај чисти гаќи, и чиста маица, и чисти чорапи - секој ден! - секој ден! - и чешлај се, и пиј млеко, и јади леб со мармалад... секој ден - сѐ според еден калап...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па си велам: Будалче, не размислувај... денот ќе си го расипеш... есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)