мрда (гл.) - во (предл.)

Водејќи ја мазгата, се замислувам високо, на некоја точка од пепелавото небо, и ја гледам малата копачка дружина долу: двајца мрдаат во црвеникавата дупка, еден горе подава раце напред и ги враќа назад, маската како црн гуштер тегли споро донекаде, застанува и се враќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога, сеќава, нешто мрда во торбата, го удира по грбот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зад неговите цврсто стиснати очни капаци шума од прсти изгледаше како да мрда во еден вид танц, нишајќи се, исчезнувајќи еден зад друг и повторно појавувајќи се.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само ние двајца мрдаме во чекалницата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога, сеќава, нешто мрда во торбата, го удира по грбот. - Што ѓавол е сега ова?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во испрекинатата ограда од спротивната страна на полето, групите брестови дрвја се нишаа сосем благо на ветрето, а нивните лисја се мрдаа во густа маса, како коси на жени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)