мрмори (гл.) - во (предл.)

За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мрмори во себе си а потоа и гласно: „За ова си заслужил - гаде! Многу ја имаш отпуштено опашката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во долгиот хол без прозорци, со неговите два реда полукабини, исполнет со постојано шушкање на хартија и со џагор од гласови што мрморат во говорпишувачите работеа десетици луѓе што Винстон не ги знаеше дури ни по име, иако секојдневно ги гледаше како брзаат горе-долу низ ходниците, или како гестикулираат за време на Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако премалеа од плачење, почнаа да мрморат во темницата: – Дали сите ќе нѐ исколат? – праша едно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)