мушне (гл.) - во (предл.)

Таа беше „грешниот натрапник“ кој со измама се мушна во домот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„... Немав потреба да се видам со Еда, ама бидејќи минував по улицата покрај нивната куќа и немаше никого да ме види, а знаев дека тоа време пред пладнето гестаповецот никогаш не е дома и, за да искористам евентуално да ја видам или да ја начекам Гала, јас на брзина се мушнав во влезот од нивната куќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Станав од креветот и се мушнав во собата на Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Полека станав и на прсти се мушнав во нејзината соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некој убавец, којзнае како се мушнал во собичката кај другарката Оливера Срезоска и ете ти циркус, просто-напросто на генералимусот му ја бојадисал со бела боја левата страна од мустаќот, му ставил и некои други знаци на лицето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тетин ми го вклучи телевизорот поставен високо над старото ’рѓосано ќумбе и продолжи мирно да ги гледа сериите вести на државните канали, а децата се мушнаа во едно пожолтено ќоше и почнаа нешто таинствено да си играат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Најди си друго пенкало! Не ме интересира!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ништо, ништо, - тетка Олга се обидуваше да не се вознемири, а веројатно се убедуваше дека навистина шолјата не е затната, па поради тоа ја направи првата голема грешка - го притисна копчето од казанчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вечерите ги поминуваме сами со нашите цимери, а ноќта, кога Марија заспива, Дејан низ темницата се мушнува во мојата соба, се пикнува под болничките чаршафи и водиме љубов на разнишаниот метален кревет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој и сега го чувствуваше истиот оној поттик да ја бакнува и милува по целото тело, да ѝ се мушне во вратот и потем дланките како слепи патници да тргнат да ги истражуваат нејзините понесувачки облици.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мими се почувствува и навредена, и засрамена, и виновна, па се мушна во скутот на мама Злата и залипа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)