набљудува (гл.) - во (предл.)

Но, исказот „Цут рози во се црвени и пролет” е бесмислен во рамките на логичките правила (граматика) на обичниот македонски јазик затоа што не соодветствува на каква и да било состојба што може да се набљудува во реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како да можеше некој невидлив постојано да набљудува во какви услови живее нејзиното дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Откако творците ќе се нагрдат со сериозност, треба да заземат став од кој сите ќе се убедат дека тие и само тие можат замислено да набљудуваат во далечините.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Хибридизацијата може да се набљудува во Индија каде штотуку бев.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Целта е, како и при создавањето на музиката, секој елемент од говорот да се доживее и набљудува во својата посебност и “таквост”; но таквата аналитичка постапка некако премногу механички и произволно ја разбива органската структура каква што е јазикот, и тоа само на начин кој е квазиобјективен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)