навали (гл.) - сон (имн.)

Останаа да се дечкаат до некое време Перевци и Борисовци, додека најпосле пред зората не ги навали сонот да продремат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така заштитени војводите и четниците ја дочекаа зората.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и да не спиеш, гледаш некаде горе, во отворено, и мислите те носат дури да те навали сонот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Утрото ја најдов книгата до креветот, сум ја турнал во мигот кога ме навалил сонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Помислив дека и Јован сега спие, и Ратка спие, и шесте деца се заспани кое каде се нашло во куќата, се свило како што го навалило сонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)