навали (гл.) - со (предл.)

И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ајде побрго донесете постелата да се навалиме со побратимот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токму таквото однесување уште повеќе ме насрчи. Навалив со сето мое искуство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)