наведе (гл.) - глава (имн.)

Поп Петко не можеше да се додржи. Виде дека Крсте навистина го остави и тргна со Ганчовци, ја наведе главата и киниса Горно маало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А хахаха — ихихи! — се насмеа Тода како преѓеска и ја наведе главата кај стрина и Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На завртувањето погледот ѝ се сретна со очите од Крлета и само ги наведоа главите и продолжија напред, а Бојана позабрза и пред самата порта на Бисера ги стигна. Сите три фрлија поглед во дворот на Бисера и како нарачан го видоа поп Петка под лозницата — седи замислен, со некакви исчекувања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
После . . . он ете ошче е млад, ако му излезе к'амет може да си се удоми, може, ете вака како нам, на старост да му даде господ челад, та којзнае како ќе излезе докрај ваа работа? — и пак ја наведе главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога слушна дека таа нема да иде, ја наведе главата и се помири со судбината, но никако не испушташе прилика да наѕре од трпезаријата, или дење на одморот да не загледа горе Катината улица, белким некако ќе ја загледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа и тиа бараат лек на таа болка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Толе, брате, тебе господ те испрати денеска да му помогнеш на својот народ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, големите се вардат, токо од пашките еден стругаа — и ја наведе главата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоше ја наведе главата и црн срам го изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море, ако свршат работа тие, како ќе се јавиме — јавиме, па и нека не обесат нас, туку да не излезе и нивната како нашата, та да не не збере никоја — пак песимистички проговори Пере, ја наведе главата и длабоко се замисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој не издржа пред возбудата, пречекори и го прегрна „горскиот цар" кој доброволно ја наведе главата пред него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селаните ги наведоа главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тих! За црни резили се сториме! — пробрбори Тоше и пак почна да се фали: — Ти се мола, Јоване, не задевај ме, оти ќе пукна од јад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури едно време по полноќ можеа да се забележат и секавици, кога грмеа топовите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога го забележа, Коча, наведе глава и полека наближа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа не одговори ништо. Само ме погледа со насолзени очи, наведна глава и излезе од собата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа, ја наведна главата кон мене, сака уште потопло да ѝ дојде од ушето и во вратот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И едно се приближил пред нив, им се поклонил со рацете на градите и ја наведил главата пред нив без да им рече добровечер.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Вардаре горд, подзапри си го одот, Шар планино, наведи главата, бујати гори, молкнете со шумот – денес паднаа Мирче и Страшо.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Оваа ја наведе главата, а поп Димитрија му одговори и тој сега по каурски. – Од Прилеп, честити царе! – He сум јас царот, старче, не!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само врзаните не ги наведоа главите. Поп Јаков и Стојан Трајко дури ги поисправија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така наредени ги наведоа главите во знак на понизност а кадијата излезе пред Ајша, која се тргна од вратата и достоинствено испушти: – Што прават моите самовили?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата се намурти, ја наведе главата, си ја помазна брадата, почна да си го поткаснува десниот мустак и зашета низ одајата, очигледно растревожен за неуспехот на неговите луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)