наведне (гл.) - врз (предл.)

Пелагија се наведнува врз старецот, за последен пат го пика своето кадро во неговите очи, нежно го допира со прстите по челото и се исправа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги чекаше аџи Герасим службениците и чаушите, ама накитот од вратот и прстите на жената сѐ повеќе се намалуваше, и кога ибн Бајко се наведна врз дупката да види што се случило таму, пред очи му излета една белегзица право во рацете на воскарот, летна како оцет да испарува и ја снема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Возачот, наведнат врз воланот, крвареше од расцепената глава, веројатно од силниот удар во предното стакло.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)