навестува (гл.) - дека (сврз.)

О'Брајан гледаше одозгора во него, со израз на лицето кој навестуваше дека истите мисли и нему му минуваат низ умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствениот сигурен клуч лежеше во зборовите „ одн нелица“, што навестуваше дека Видерс е веќе мртов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај една малку подалечна маса имаше едно слободно место, но нешто во изгледот на човечето навестуваше дека тоа ќе внимава доволно на својата удобност и дека ќе ја одбере масата со најмногу слободни места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Времето во Скопје не навестуваше дека снегот, студот и мразот ќе не следат речиси по цел пат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, сепак, душевниот немир ѝ навестуваше дека видувањето можеби и нема да се оствари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Крај. Величествено. Рабинот го обзема блаженство и од лесното присуство на Бога и сонот кој оваа ноќ леко паѓа врз него и навестува дека нема да произведува апокалиптични слики.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И среде таа ноќ на ужасот само Храмот го осветлуваше пределот послан со човечки тела, а пред јужниот ѕид на Градот слета војска од сиви архангели што не беа ни Гавриил, ни Рафаил, ни Михаил, ни Ариел, ни Азраел, ни Јофиел, ни Јеремиел, ни Метатрон, ни Рагуел, ни Разиел, ни Сандалфон, ни Уриел, ни Задкиел, ни Ханиел, ни Шамуел, но некои други Сили и ги ставија шофарите што сега им беа свиени до шестпати и засвирија шест по шестпати во нив, та падна јужниот ѕид на Градот и се отвори браната кон Ге Хином што значи „долината на децата на Хином”, која се протега од подножјето на ридот Цион до кидронската долина, па штом падна јужниот бедем од долината, заплисна врелиот здив на зборот Гехенна, поимот на Пеколот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И на најблиското ниво од најситни поединости во текстот и во најширока можна смисла, тоа се идеите што претставуваат влог во односот меѓу Борхес и Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На мошне заобиколен начин Дерида како да навестува дека странската, источна митологија внесена во Федар вопшто не е странска, туку е составен дел од Платоновиот сопствен дискурс - значајна придодавка, би се рекло, која треба да се смести вон, а всушност припаѓа внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)