навива (гл.) - за (предл.)

Таа навиваше за нивниот нов почеток. За некаде другаде, каде било.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па сепак, во вечерите, откако ќе заспиеја децата, додека му шепотеше во постелата, таа го тераше да ги прифати тие промени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас навивам за Македонија, а Фил не навива за Шкотска бидејќи е Англичанец.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само пристојно се насмевнав и киднав, немајќи сила да му кажам дека сиротата Македонија, поради онаа грчка будалаштина, всушност навива за Меккејн.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
2. Биди пристрасен. Навивај за својата работа.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Имам доволна временска дистанца од одлуките што сум ги носел некогаш, затоа сега без срам можам да кажам: Не навивав за фудбалскиот тим за кој навиваше татко ми од инает.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)