навира (гл.) - во (предл.)

Кога онака грубо, по свое, директно во лице ќе ми ја плеснеше оценката за усилбата да запеам, солзи ми навираа во очите, што би рекол Конески, „во градите жал лута ме стискаше, ми идеше да плачам ко дете“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Многу нешта навираат во мојата душа, но не ќе ги чуеш.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби сонуваше за неговата војна на Пацификот, за кибер мините што ги открил, нежно навирајќи во сложените кола со СИПА-та што ја употреби да ја открие патетичната лозинка на Ралфи од чипот закопан во мојата глава.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вета, мајка му, восхитена е од убавината на малечката Пелагија, а и од силината што навира во крупниот Доне.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ние молчевме, а некакво беснило ни навира во градите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Немаше ни зборови ни сила за да искаже нешто што во овој миг му навираше во душата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Коле пред мене гризе нешто. Но знам, сливи со тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дали смееш да му погледнеш в очи на плачот и да го запреш кога тој навира во тебе?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние молчевме, а некоја лутина ни навираше во градите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но знам, сливи се тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)