надева (гл.) - во (предл.)

Зошто верувавме дека моралот е дел од филозофијата?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4 Па, ако тоа е така, допуштете ми да се надевам во тоа „обесхрабрување“ Што е всушност разочарувањето?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без гнев во душата рече Единствено што ми останува е да се надевам во бога, но каква е неговата милост, кога по изгубениот најстар син, по толкуте опасности низ кои го изведов мојот сој, сега одново ме изложува?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто Рацин е тој што нѐ учеше и сѐ уште нѐ учи како се боледува и тагува, како се мечтае и копнее и како се верува и надева во иднината на човекот и во убавината, волшепството и во моќта на зборот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ако е така, тогаш на кого се надевавме во востанието? Не на Русија ли?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најмногу се надеваше во мајка си, која можеби повеќе страда од другите, можеби нејзините грижи се потешки од грижите на татка си и деда си, но таа најмногу верува во него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иако и самиот тој на моменти не беше сигурен дали да се надева во излез од темнината во која потона Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кулик се надева во своето кучешко тело повторно да го открие загубениот објект на желбата за да ја постигне целоста којашто му недостасува на човекот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се надевам во успехот нивен ќе уживаат онолку колку и јас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)