надомести (гл.) - друг (прид.)

Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Материјалното богатство и сетилното задоволство за нас имаат мошне особена функција“, објаснува Бартлет; „тие ги надоместуваат другите облици на немаштија“.262 Бартлет намерно ги оставил непрецизирани тие други облици на немаштија – сигурно имал на ум цела палета општествени и политички лишености – но ја оставил отворена можноста дека можеби има некој мошне особен „глад што зјае под“ нашата потрага по сопствености (175).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)