наложи (гл.) - работа (имн.)

5.  Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на работникот на кој, врз основа на мислење на лекарската комисија, поради таквото работење ќе му се влоши здравствената состојба; како и на работникот кој работи помалку од полното работно време [скратено работно време] во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување [инвалидност], 144 прописите за здравствено осигурување [медицинска рехабилитација] или врз основа на други прописи [родителски обврски] (чл. 120, ст.1, ал.6 и 8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Осигуреникот со преостаната работна способност за кого е утврдено дека не е способен за работа со полно работно време на својата работа или на друга соодветна работа, со или без преквалификација или доквалификација – има право да работи на својата работа или на друга соодветна работа со работно време кое одговара на неговата преостаната работна способност, но не помалку од половината од полното работно време (чл. 48, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)