наложи (гл.) - нивен (прид.)

И одвај вкоренети на медитеранските брегови - Грците, Арапите, Турците, се обидувале да ја наложат нивната доминација врз другите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Речиси неизбежно има некој елемент на претераност или неавтентичност, па дури и на травестија во искажувањето на која било велика страст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некој таков расчекор помеѓу чувството и неговиот израз, ако не се препознае иронично, создава трагична возвишеност што се лепи за главните наративи за машкиот генерациски судир во европската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, дури и за хетеросексуалците, дури и надвор од мелодраматичниот свет на семејството, има нешто незгодно или театрално или срамно во задачата да се пренесе нанадвор она што се чувствува внатре.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би се рекло дури и дека она што ја прави страста велика, она што ги преувеличува емоциите од кои се состои, е токму свеста дека е невозможно тие да се искажат транспарентно – и следователната потреба да се најде начин да им се даде лик што ќе ги задоволи критериумите за претставување што ги налага нивната великост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)