намали (гл.) - право (имн.)

 8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овој закон, иако е релативно краток, има претрпено сразмерно огромен број на промени, од кои повеќето ги намалуваат правата на инвалидните лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, таквите опскурни формулации од типот „член 73 се брише“, или „во членот 68 став 2 по зборовите: ‘повеќе од’ се додаваат зборовите: ‘80% од’ “ може да содржат суштинска промена со која драстично се намалуваат правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)