намести (гл.) - пушка (имн.)

Ја извадил дедо Геро мартинката од ’рженицата и како што му биле наместени Турците, ја наместил пушката во пенџерето и двајца од нив кутнал: едниот на место а другиот на бегањето. Третиот му побегнал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)