наметне (гл.) - камилавка (имн.)

По некој пазар и друг се сретнаа новиот „грчки" поп Илија од Бѕовиќ, кој штотуку беше ја наметнал камилавката, со исто така новиот „бугарски" поп Пројчета од Вепрчани, кој заправо се враќаше од Велес, каде беше го запопил владиката Мелетија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)