наметне (гл.) - прашање (имн.)

Овде се наметнува прашањето од кои причини југословенско-бугарската федерација толку многу ги вознемирила конзервативните духови на британскиот политички естаблишмент?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во нивните опстојни анализи на ова прашање и на можноста за негово позитивно решавање, пред нив како феникс се појавувало "македонското национално прашање".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
—Сѐ на сѐ, верувам дека таа божествена димензија го наметнува прашањето за трансценденцијата, тоа е, да кажеме, проблемот на јудео-христијанскиот Бог.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Што се случува со слабите? – го наметна прашањето Еразмо. -Слабите по дух се негативни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Самиот тек на преговорите за југословенско-бугарска федерација пред експертите на Форин Офис го наметнал прашањето од барање одговор за можниот степен на реализирање на идејата за обединување на сите три дела на Македонија кон крајот на 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И се додека седи покрај Циљка, додека зборува со неа, без престан и се наметнува прашањето дали знае нешто за Ристо и Ташко, да ја праша за другите момчиња и девојки од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веднаш ми се наметнува прашањето: Имаат ли слух за театарот нашите театарџии?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)