наоѓа (гл.) - смисла (имн.)

Тоа е потрага по суштинското кое не е сочинето само од материјалното; а таа потрага носи ослободување од очајот кога се наоѓа смисла на сопствениот живот, а и, затоа што смислата е поврзана со сѐ што егзистира, на смислата на општочовечката суштина, и на суштината на сѐ она што е, што го има, а кое законите на физичкиот свет, ако не постои ништо отаде материјата, на крајот го фрлаат во пропаст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И таа потрага по суштината, тоа соочување со трагичното на постоењето, не е нешто што се прави по сопствен избор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)