наоѓа (гл.) - надвор (прил.)

И, откога виде дека никој нема наоколу, го крена капакот од сандакот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Имателот на опасен предмет што му го доверил на лице кое не е оспособено или не е овластено да ракува со него, одговара за штетата што ќе произлезе од тој предмет (чл. 162, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа го мина битолскиот парк и влезе во буковските гробишта, кои се наоѓаа надвор од градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оти, се случува птицата, кога ќе падне во стапица, да се задржи во неа само со едно нокте, па во тој случај не ѝ помагаат нејзе ниту силните крилја, ниту тоа што целата, освен ноктето се наоѓа надвор од мрежата, па така станува плен на ловецот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мојот живот, мојот карактер, можеш да го фрлаш во кал колку што сакаш, уште претходно со сѐ се согласувам, но еве ова се наоѓа надвор од твојата компетенција, така што подобро остави го.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)