напие (гл.) - студен (прид.)

Некој си арамија од дружината на Катар Ќаа го раниле други арамии по Мегленијата долу, го забркале вариите и накачил горе во Папради, та тука, во Маклата, се напил студена вода од изворчето, испуштил душа и го оставил тагарџикот со парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Одам, - рече Кирил. - Братот ќе сака да се напие студена вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толе претчувствуваше дека по нападот на Витолиште ќе тргнат потери по него, та требаше да се позасолни некаде подалеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Сиве се поткрена и се прочу, како по цело Мариово, така по битолско, леринско, прилепско, тиквешко, та дури и долу Меглениата, воденско, а лебами, и во Солун разбраа за него кога отера наеднаш триста дебели чукани јарци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)