напика (гл.) - рака (имн.)

Ја напика раката во џебот од панталоните под блузата, го набара камчето и го извади.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За да го отепа некако времео, излезе надвор и, откако малку се загледа во несмасната нова верзија на театарската зграда на плоштадот и во недоумение дали да премине преку плоштадот и да тргне по главната улица кон Драгорот или да сврти в десно и да се упати кон Ленски мост, ги напика рацете во џебовите и сепак сврте в лево да оди по улицата право нагоре, во спротивен правец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шишман ја напика раката во џебот и го стегна кутивчето за да го задуши тропањето и да ја задржи возбудата што го имаше обземено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја напика раката под него и силно го прегрна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)