напика (гл.) - во (предл.)

- Смачено ми е од извештачено продавање на приучени манири, смачено ми е од користење на интернационални фрази за да изгледаш помудро, смачено ми е од целиов овој провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И тебе и мене да нè истераат сред зима под стреи, или да нè напикаат во некоја спила, ѝ ние ќе утаме и ќе бувтаме посилно од кој и да е лиод, вели Костадин Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бргу донесовме слама, ја напикавме во ралупот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
“163 ‌Вдахновената крилатица на Прајор духовито ја олабавува потенцијално штетната средба така што истовремено ги прифаќа и ги отфрла геј-стереотипите, оспорувајќи им ја моќта да го напикаат во некаков калап, да го сведат, тривијализираат и да го направат егзотичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идниот ден нѐ напикаа во товарен воз, и започна нашето патување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Калето под западната страна е засечен со голем нож земјата е жолта и врз неа ништо не расте ама под тој засек во пеесетипрвата бегалците кои нагрвалија од Војводина најдоа една голема куќа што ги заплашуваше со својата грмадност ама имаше ѕидови од тули една или две бетонски плочи што не одеа од крај накрај и тие што успеаја да се напикаат во неа беа спастрени од ветровите што дуваа од кај француските гробишта оти удираа во калето поминуваа врз куќата долу во засекот поминуваа преку реката и им ги мрсеа косите на луѓето во уличките околу плоштадот оти тие во своите влакнести гради донесоа други ветрови и јас кога прв пат дојдов да го барам братучедот кој садеше дрвца по падините на водно со страв влегов во отскриените делови на куќата низ отворот од источната страна се обидов да влезам и ги видов диреците бетонските диреци се губеа во темницата и којзнае дали таму потпираа нешто и освен што слушнав многу гласови не успеав никого да видам само претчувстував како срцето сака да ми избега па избегав јас назад по патчето што го следеше насипот од песок од врби од магарешки трн крпи гуми стари опинци и вјасајќи така во песокот завидов тројца за кои не знам дали беа запретани во неа или таа поминуваше преку нив преку старецот со долга коса и брада виткана во тркалца реку буштравата туфка за која во истиот миг сфатив дека е дете кое му лежеше преку нозете и преку младичот за кој не знам дали му седеше на раката на старецот дали само главата му беше ставена врз неа како врз перница или пак навистина само горниот дел му се подаваше од песокот и незаинтересирано фрлаше камчиња во водата и којзнае зошто јас потрчав по насипот не обѕрнувајќи се и кај театарот ја скокнав реката по дрвеното мовче нурнав во уличињата околу офицерскиот и после не знам што стана се задржав негде низ град или се вратив во предградието на насипот okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се напикавте во градовите - зајадливо говореше Светлана која беше горда на своето градско потекло.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веќе сум свикнал жителите на Пупифанија да ги сметаат моите доживувања за измислици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе ме одврзат и ќе ме напикаат во рудничка јама. Роб на Мортенија, тоа ќе сум.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сите девојки ги напика во мијалницата и им нареди да се слечат до гола кожа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И пак сета моја брада ќе ја напикаш во напрстокот на абаџијата Панчо Крстин од Кукулино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење или, кинејќи од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вангел Русјаков, без да ја поткрене главата проломотува Браво за Дине, ем две жени, ем куп деца, ем сам под капата на Господ! се подзавртува и својата ситна женичка како да ја напикува во својата пазува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас не те напикав во вагонот за да си заминеш сама?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Риса и Тронда кога ќе се напикат во тој матен поглед ќе биде полесно, тие ќе му ги откачат овие два товара.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Цела недела патуваа наваму, Чана признала во сите вагони, нигде не му го видела суратот, а и како ќе му го виде кога се крена онаа ветрушка на гаковската станица и нѐ напика во вагониве без да го измолкниме од оној проклет брлог каде го имаа сопнато ветровите на претците!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно, фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот, убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Молкома го прифаќа Петра и го напикува во бовчата зад себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се појави уште таму, во Гаково, дамна пред да се напикаат во вагоните што ги истурија тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А можеби просто се најде навреден бидејќи на негово место донесоа едно детиште кое дотогаш беше правниче во некоја задруга, го оставија новодојденецот да го напика во некое канцеларивче во кое повеќе никој ни вратата не ја отвораше да го види, да му рече, Што правиш, како си.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога најпосле сите четворица нè напика в постела, не можевме да си ги издонакажеме работите што имавме да си ги кажеме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се напика во пепелавиот фустан и молчејќи замина на кај монополот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)