напише (гл.) - за (предл.)

Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што би напишал за мене? Би сакал да знам што би напишал?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Есејот беше напишан за една ноќ, со многу вино, што може да се забележи, според наместа неповрзаните асоцијации; јас и денес ги гледам тие места, но не ги коригирав, за да можете да сфатите во каква емотивна состојба сум бил тогаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некој велеше дека имал дома сочувано многу весници, во кои било напишано за сите тие работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакав да ѝ напишам за мојата намера еден ден да пишувам токму на темата на жртвувањето, во план имав таков роман, тоа беше Балканскиот жртвен јарец, но остануваше едно прашање од романот Татковите книги кое таа често го поставуваше, а јас постојано се обидував да ѝ одговорам, во очекување на вистинска можност...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Во еден век кој ги обожува идолите на крвта, земјата и страста, тој секогаш повеќе ги сакаше луцидните задоволства на мислата и тајните авантури на редот.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Она што го напиша за Пол Валери може да се примени и на него самиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во истиот есеј за Валери тој напиша: „Заслужната мисија која Валери ја направи (и понатаму ја прави) е тоа што тој на луѓето им пружи луцидност во едно во основа романтично доба, во меланхолично доба... на дијалектичкиот материјализам, во време кое го најавуваше Фројдовото учење и трговците на надреализмот...“ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 214
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Било која форма на знаење која би му упатила предизвик на неговото скептично разбирање на светот наидуваше на негово снажно неодобрување, дури осуда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)