напише (гл.) - дека (сврз.)

Ќе им напишам дека Госпоѓа Беранж е мртва на оние кои ме познаваа, кои ја познаваа. Каде ли се тие?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ќе и напишам. Ќе ѝ напишам дека ја чувам златната обетка за неа. Елена... Елена...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дишан напишал дека би бил разочаран ако овие дискови се сметаат за “секакви само не оптички”, а се чини дека и зборовите на заглавието Anemic-cinema, треба да се сфатат едноставно и само како зборови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоби Мусман напишал дека оптичките дискови се темелат на: “... концепција по која двајца гледачи, спротивни еден на друг, кои го гледаат филмот во исто време, сето тоа време додека трае филмот, тие нема да го доживеат филмот на потполно еднаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Напиша дека еден од неговите планови се темели на поклопувањето на звуковите: „Ако сакате граматичко правило: глаголот по својот звук се совпаѓа со субјектот: на пример, Le negre aigrit, les negresses aigrissent ou maigrissent, итн.“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мусман исто така напишал дека „набљудувачот“ нема доволно можности при категоризирањето на оптичката игра, ниту има за физичко прилагодување на она што го доживува окото. време okno.mk | Margina #8-9 [1994] 183
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дел од стрипот Maus Во “Нацијата” (The Nation) неодамна напишавте дека Маус направи сојуз со Хитлер. Што мислевте со тоа?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во 1954 година, психоаналитичарот Карл Јунг напишал дека геј- мажите „може да имаат добар вкус и естетски усет“9.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога еден сатиричен весник на Универзитетот на Мичиген сакаше да ја исмее паниката што го фатила некој поранешен дипломец зашто за претседател на студентската организација беше избран човек што е отворено геј, весникот напиша дека новиот претседател „конечно успеал во својот поход да ја попедерчи целата студентарија на Мичиген...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој напишал дека чест би им било да за престоечкиот Божиќ свирам на новите оргули во нивната црква .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Такви бевме и тоа го признаа и противничките генерали кои во своите извештаи, мемоари и воени бележења напишаа дека – нофитите – значи Македонците, се борци со силен дух, голема физичка издржливост и над сѐ многу храбри борци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На друго место напишав дека важноста на Џојс во Латинска Америка се врзува за фактот дека неговиот однос, како ирски писател, кон англиската традиција е сличен на односот на латиноамериканските писатели кон шпанската (и европска традиција воопшто). Margina #32-33 [1996] | okno.mk 19
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во обата случаи тој однос може да се разбере во значењето кое Дерида го предложи со своите епиграфи, како надоместок кој ја повторува изворната традиција, заземајќи го нејзиното место, одново испишувајќи ја однатре, но секогаш како тоа всушност да е однадвор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа тој со право ќе напише дека тој во книгава „ќе ја празнува поезијата со проза“. Ars poetica Ренџов е сериозен автор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А во своето завршено објаснение, насловено Кон расказите, авторот ќе напише дека во неговата книга: „сите опишани настани се вистински настани, случки сврзани со мојот живот од порано или подоцна“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу подоцна брат ми напиша дека секој човек останува дете на својата епоха, дури и во поглед на неговите најлични својства, а исто така и секоја љубов е дел од времето во која се раѓа, бидејќи таа се раѓа меѓу две суштества кои се дел на своето време.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Утеха за сите мачнини кои ни ги задава животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми, иако одмавна со раката на моите зборови, не можеше да го премолчи своето противречење, и неколку минути подоцна, додека така чекоревме, рече: “Ти знаеш дека јас одамна напишав дека религиите се родени од потребите за утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А ни студиите - тоа лепење за него уште повеќе се засили, особено по објавувањето на неговата прва книга „Шепоти и воздишки“, за која критичарите напишаа дека пленува со „неверојатното преплетување на еротското и анархистичкото„.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во него, тој ќе напише дека Држиќ, токму во нашево време станал „личност за која покажуваат жив интерес не само стручњаците-историчарите на книжевноста, туку... го осмислуваат во своите творби и разни уметници: писатели, музичари, скулптори...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Театрологот, Венета Дојчева, во текстот „Еден ден во театарот“, објавен во списанието „Лик“ за месец април 2008 година, по повод проектот на наведениот театар од Руан, ќе напише дека проектот значи бришење на границата помеѓу сцената и салата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ле Клезио, за кој Французите велат дека е нивниот најголем жив писател, ќе напише дека животот е она што најмногу го заморува, но и дека најмногу е восхитен токму од него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред да се врати од Белград ѝ напишал дека во три на пладне ќе се сретнат на клупата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Орвел – тип што се збунил и напишал дека после капитализмот доаѓа комунизам. крокс – гумени папучи слични на оние од Чик Куманово.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ЉУБА: Сега веднаш ќе ѝ кажам. (Излегува.) МЕШАЕВ ВТОРИ: И бидејќи му напишав дека ќе допатувам со вечерниот брз воз, од неговиот одговор заклучив, дека приемот кај госпоѓа Опојашина е вечерва.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа што напишал дека со себе повел жена, тоа уште ништо не значи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во него имаше напишано дека на тој и тој датум, на барање на нивниот државјанин... беше наведено името и презимето на Хелвиг... извршувајќи ја одлуката на судот од Келн, ќе дојде службеник од амбасадата, заедно со него, да го земат Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Американските синеасти кои почнаа по 1930-та дури не се ни обидоа да го искористат десеттиот дел од теоријата која ја разви Грифит, и не ми се чини претерано ако напишам дека, од пронаоѓањето на звучниот филм, Холивуд не даде ниту еден голем визуелен темперамент, со исклучок на Орсон Велс (Orson Walles).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во својата ретроспектива од 1954. година, Looking at Live with the Eyes of a child, Матис напишал дека уметникот „мора да го посматра животот на начинот на кој тоа го прават децата и ако ја загуби таа моќ нема да биде способен за автентична експресија”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пабло Пикасо знаеше да зачува некој од цртежите и сликите создадени од неговите деца.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знаат петте распеани жени, а знам и јас дека еден поет баш крај езерото беше напишал дека е исто да се пее и да се умира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Напишете ја тагата, напишете ја болката на лист хартија, напишете дека сте си простиле на себе и на другите, ќе почувствувате ослободување од стегите на негативните чувства, јасност и што е најважно надеж.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— Да напишете дека сте врбувани од Озна, вели Пиракли, нѐ тера да се сетиме на нешто што не било.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бев восхитен од оваа поддршка на моите читатели, од нивната солидарност, со кои најмногу ме поврзуваше вистината на моето пишување, живеејќи во различни светови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во шега му напишав дека останав зад врата, макар што мојот Клуч не беше лажен, бил многу пати проверуван од животот!.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дипломатскиот претставник на САД во Швајцарија, Хју Р. Вилсон (Hugh R. Wilson) напишал дека „Женева е толку полна со претставници на малцинства и на поробени делови, сите настојуваат да го предизвикаат вниманието на една или на друга влада, така што јас сметам дека е препорачливо да се игра крајно сигурно во однос на секој од нив и да не им се дава можност да сметаат дека ние им даваме ним каква било помош или поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Шмајзерот го оставив во спалната и до него ливче на кое напишав дека јас тој и тој, другар командире, си одам кај браќата кои крвават и на сабајле, во мугрите фатив пат за Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- На пример, денес имав намера да напишам дека со нетрпение го чекам почетокот на новата учебна година, не толку заради самото училиште, туку најмногу заради желбата што поскоро да се сретнам со другарите од фудбаскиот тим, а и да ја обновам работата со бандата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дури на крајот на писмото, во аголот, Ивана имаше напишано дека често мисли на мене и дека ѝ недостигам, што не ми звучеше баш уверливо, а сосема најдолу – да ги поздравам другарките, особено Мила и Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го ставив писмото во пликото и го скрив во мојата најдесна фиока каде што си ги чувам најважните нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)