напласти (гл.) - во (предл.)

И тогаш го одложував пишувањето за некои други времиња, следејќи го од далеку митот на трагичната величина на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој ветер ги гореше пределите, ги растегнуваше коските како восок, крвта ја зовриваше и згуснуваше во калливи напласти во мозокот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вестите за трагични настани во Палестина ме поттикнуваа да ја ослободам од себе историјата која ја бев напластил во себе за време на мојата дипломатска мисија кај Арафат, но повторно нешто ме запираше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да не се виделе еден век, како да се гледаа и за наредниот век, толку многу копнеж беше напластена во нивните души.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сакаше тој час да ја истури пред татковите книги сета насобрана зборовна материја, сѐ што му се напластило во душата, откако се видоа последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)