напоменува (гл.) - дека (сврз.)

Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наместо: од работа - дома, ќе биде: од работа - дома - па на шетање. (Таа сигурно мисли дека животот ќе ни се претвори во пеколни маки поради тоа што секојдневно би морале да го шетаме детето, па и суптилно ми напоменува дека сака да биде машко, рече - ќе мораме него да го шетаме).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сепак, не реагирав. Зошто токму јас да му напоменувам дека несигурноста што ни ги врзува рацете и ни ја подјадува надежта не почнува и нема да заврши со нас, и тоа токму оваа вечер!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас во разговорите ја напоменував дека не е добро тоа што го прави, но не можев да влијаам на неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тивко, но доволно цврсто му напоменувам дека жолтеникавиот господин Тест веќе подолго време страда од хроничен гастритис.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
(Напоменуваме дека на повеќе места во спомнатите манифести тој инсистира сонувањето да биде ослободено од секаков вид следења, надгледувања или да не даде господ притисоци и тортури).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, трагично во целиов овој случај е тоа што, и покрај постоењето на судска пресуда во нејзина корист, бидејќи во меѓувреме млекарницата од државна се трансформира во приватна сопственост – Ангелеска сè уште, до ден денес, по изминати речиси 14 години, го нема добиено паричниот надоместок кој ѝ е досуден, а коешто побарување веќе е и застарено!?6 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)