направи (гл.) - таков (зам.)

Ќе погреши оној што ќе направи таков заклучок.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И се прашувам: кој го направи такво и зошто?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За првпат му направија таква чест. И за последен. Истата вечер умре.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тоа време во Зоолошката градина се направи таква бркотница, што помина доста време додека тргнаа со огромното специјално возило по слонот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Премногу те сакам за да можам да направам такво нешто.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу брзо заминал во Италија и тогаш, дали поради тоа што направиле таков себап или поради која било друга причина, се родило девојче....прво. Ѝ донел прекрасни, дрвени кујнски елементи, направени во италијанска фабрика за играчки, и таа била најважна во маалото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали помислуваат да се пробијат до мене, дали веќе направиле таков обид?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа имаше слушано дека, ако им се даваат на кучињата умрени овци и јагниња, самите ќе почнат да ги дават овците, па Бојан, иако не веруваше дека тоа може да се случи и со неговите кучиња, не сакаше да им даде и најмала можност да направат такво нешто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Еден ден ќе ти направам таква кукла.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ќе чекам. Јас не сум еднодневка и имам време.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали војната го направи такво времето, или таквото време ја донесе војната! Широка и бескрајна, како зимата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)