направи (гл.) - колиба (имн.)

„Си велам, дали роднините годинава успеале да направат колипка за Сукот?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во Крапиштето направи колиба колку да се заштити од дожд и ветер и да се замаскира од многубројни езерски птици што тука живееја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Стале веќе си направи колипка и си ја зеде егуменската должност.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Руса не се врати дома, кај своите; горе, над куќата Дамчески, на падините на Горник, си направи колиба од рошки и од ’рженица и тука се настани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Би си направил колипка сосем сред некое од нив, кајшто Вујче никогаш не би можел да ме пронајде. (Вујко Сем, симбол на Америка; заб. на прев.) “Се разбира,” рече Ливајн.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)