направи (гл.) - обид (имн.)

А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во однос на воените сили на Дража Михаиловиќ, тој истакнал дека нивниот број изнесувал "35-45.000 луѓе кои, по сојузничкото истоварување, би можеле да мобилизираат најмалку 400.000 способни за борба".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истото е и ќе биде и со Македонија. Македонија направи обид најнапред да се ослободи од Турција, но, за жал, обидот излезе неуспешен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Признавам дека имам уште многу да учам – го прекина Еразмо старецот. – Мене, сето ова ми прилега само на куп зборови, кои можеби ќе успеат да поттикнат некого да направи обид или мал чекор кон просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во минатиот век, особено во наше доба, во напорот да се докучи смислата на првиот допир, да се согледаат одново острите граници и јарки бои со помош на кои првата слика се населува во потсвеста, голем список меѓу нив и творци од епохално значење за творештвото, направија обид да создаваат и по пат на психеделичкиот фактор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За таа цел тој организирал конференција за печатот, на која Борислав Тодоровиќ направил обид да ја минимизира улогата на НОВ и ПО на Југославија, одејќи дури и дотаму што партизаните ги претставил и како соработници на окупаторот, дека во ослободените територии од единиците на НОВ и ПО на Југославија "владее терор и комунизам".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)