направи (гл.) - човек (имн.)

И кој направи, и кој направи човек на човека роб!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ако сѐ она што ќе го направи човекот е природно, тогаш и пишувањето книги, како и нивното читање е природно,а со самото тоа и совршено.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаењето може да го направи човекот многу несреќен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тргнете ги столовите од светот, направете човекот да го заборави нивното постоење и зборот стол да исчезне од сите реченици на светот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се знаеше, татенцето го имаше земено на нишан и во овој случај ништо не можеше да му се приговори, проклет да бидам, сакаше да направи човек од Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ах, ах, - направи човекот. – Ова веднаш треба да го избришете.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Знам што. Ќе направам човек. Вистински, не Снешко.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ќе биде, Зоки. - Не. Јас прв направив човек и тој е најдобар.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Што е ова што ми направи човекот?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)