направи (гл.) - добар (прид.)

Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња —само да им „услужи" да ги сместат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да бидам во дослух со она што сакам да го наметнам како терапија, односно за да бидам смешен, ќе кажам дека доколку нашите театари заклучат дека не ги бидува да направат добри, лековити смешки, тогаш не им останува ништо друго освен да побараат помош, а од кој друг, ако не од - Чак Норис.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: — Брак, коџабаши, брак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие разбраа дека тоа село сега на Петковден има селски панаѓур и тука се собираат селани од сите мариовски села, а панаѓурот трае три дена, та ќе направат добар лов уште тука и од другите села.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)