направи (гл.) - поголем (прид.)

Кога ќе направеше поголем куп камења, застануваше да прави кал за ѕидање.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Никогаш Израелците не направиле поголеми отстапки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакајќи да го направат поголемо значењето на словенскиот јазик во Македонија, Словените ќе бараат од окупациониот одред да се признае за официјален во местата со Словени Муслимани – словенскиот јазик: а самите Словени Муслимани, по религиозни причини, можат да го бараат турскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овдека ме боли, вели, ми е страв да не ја направиме поголема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Американскиот претседател чини сѐ за израелскиот премиер да направи што повеќе концесии, попуштајќи дури и на круцијалната отстапка, прифаќајќи ја ко-сувереноста на Ерусалим, како и евакуацијата на еврејските доселеници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)