направи (гл.) - пак (прил.)

„Што направија пак твојте, либералните?“, се јави однадвор, низ подотворената пенџера, Михајло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Изгледаше восхитен од она што го чу, си тури сам вино од винарката, се напи и пак помина со раката по брадата за да ги собере светлите црвени капки по неа. - Ха! - направи пак.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)