направи (гл.) - дека (сврз.)

Пред мене стоеја три дами со натапирани бели коси, подготвени да заѕвонат на ѕвончето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Машките, Илко и Стојо, се направија дека ве слушнаа, само Трајко и префрли на Митра оти не е право што ја напаѓа Доста за таква работа и Митра си го зеде тоа за шубе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тетка Олга се направи дека не го сторила тоа, го исекна носот во салфетката, а потоа ја фрли во празната чинија пред неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Веќе почнуваше да ми надоаѓа мачнина од муабетот, но се оправда кога кажа дека фатил заушки кога бил во Скопје, на што се направив дека му верувам, зошто имаше доказ дека навистина тој период владееше таква епидемија, тоа го имав слушнато од вестите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И татенцето, а и другите од управата се направија дека не ме чуле, без збор поминаа преку овој мој луд испад.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бошко сакаше да се направи дека не чул, но не можеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жителите на Потковицата се направија дека не ги познаваат кои се и дека не знаат зошто се дојдени тука, па заобиколувајќи ги стапија на мразот на вирот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)