напушти (гл.) - земја (имн.)

И кога ја напушти земјата, продолжи да пишува од лево на десно, но сега на кирилската азбука.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Лесно е да се напушти земјата, но нели е тоа предавство кон сопствената мајка, да ја напуштиш кога си и потребен. Лојалноста и е потребна на земјата Мајка! ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татковиот брат тогаш му рекол дека никому лошо не му сторил, па нема зошто да ја напушти земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да не му се веруваше дека навистина решил да ја напушти земјата и што е посмешно, како да не знаеше зошто.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Билјана и Александар кратко зборуваа за своите школски другари, кај се, што прават, кој ја напуштил земјата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
За ѓубрињата да го ослободат малиот мораше да плати тешки пари, а се зборуваше дека со нејзиниот маж дури сакаат да заминат од Белград и да ја напуштат земјата засекогаш.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Капетанот Џулијан Емери, офицер на СОЕ во Каиро, бил во контакт со одделни бугарски политичари кои, по влегувањето на германските војски во Бугарија, биле принудени да ја напуштат земјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие биле прифатени од Британците и сместени во Каиро.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иљадници луѓе поднесуваа барања, а само по некој од нив добиваше дозвола да ја напушти земјата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја беше напуштил земјата бегајќи, спасувајќи се од сталинизмот, за да го спаси голиот живот, а Татко со бегството преку Езерото, се спасуваше од фашизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога, одненадеж, одлучија да ја напуштат Земјата на езерата и да станат дефинитивни емигранти на приро­дата, Мајка се посомнева дека бездруго јагулите се сплеткале во браздите на неговиот ум, откако се запозна со стариот Русин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Роден во Будимпешта 1950 г., на истекот на Сталиновата деценија, Џорџ Леграеди (George Legrady) со своето семејство ја напушта земјата за време на Унгарската револуција во 1956 и оди на Запад. OГЛО: Како дојдовте до идејата да ги ставите елементите од вашата колекција за Студената војна на CD-ром? IГЛЕ: Не сакав веќе да го држам целиот тој материјал во глава.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)