напушти (гл.) - соба (имн.)

По многу кратко време, не поминаа ни дестина минути, тивко ја отворив вратата и ја напуштив собата на Ангела.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Времето за Рада од мигот кога Јана ја напушти собата се претвори во вечност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој последен ја напушти собата претходно читајќи го напишаното во болничката листа обесена на креветот, запознавајќи се со историјатот на болеста, како и одредената терапија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јана само ја напушти собата следена од чудните погледи на двете родилки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да не биде сведок на конечната пресуда, Раде влечејќи ја Анѓа ја напушти собата, затворајќи ја вратата зад себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека се качуваше по скалите, откако пркосно ја напушти собата, Марија не слушна никаков шум, ниту збор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Што да пишувам? - прашувам пред да ми се обрати иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се чини дека е при добра волја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако седнав иследникот му даде знак на спроводникот да ја напушти собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, за неговите патувања не беше потребно ниту да ја напушти собата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)