напушти (гл.) - страв (имн.)

Дончо дури сега го напушта стравот, не свртувајќи се кон неа, проговорува со напнат глас А, ништо, онака... меѓу нас двајцата! додека во себе се чувствува посрамен и понижен оти Пела го најде така здрвен, па одвај ја крева главата и скришум погледнува во неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А селаните не ги напушти стравот, зашто тие не знаеја дека Луман не дошол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)