напушти (гл.) - сегашен (прид.)

Во однос на Турција, нивниот предлог бил дека е потребно да ја напуштат сегашната британска „политика на присилување на Турција да влезе во војна“ со примена на заканата дека ако не влезе, ќе ја остават „сама да си ја срка чорбата по војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Наместо тоа, сметале дека е потребно да се прифати "таа да остане неутрална за време на војната, сè додека таа сака, доколку на тој начин, по повлекувањето на Германците од Балканот, таа би била во подобра ситуација, во соработка со Грција, да биде ефективна противтежа на руското влијание и навлегување".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)