напушти (гл.) - и (чест.)

Кога тоа го дозна Богдан, се исплаши и ја напушти и неа и Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Интимно сакаше синовите да се занимаваат со политика, колку таа да не се занимава со нив. Но за тоа немаше мера, немаше граница. Па ја напушти и ова идеја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој вид на самоказнување кое доаѓаше поради животната филозофија „сѐ или ништо“, а се сведуваше на избор на „ништото“ наместо на „средното“, не ме напушти и натаму низ животот, а особено подоцна, кога стапив во циркусот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)