нареди (гл.) - во (предл.)

Го зеде тезгерето, еднаш, двапати со мала Ѓурѓа, го исфрлија на буништето на малата врата и се врати, та ги изми сношните ваганки, паници, лажици и тепции и ги нареди во вратките и полицата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со почетокот на вооружената борба, македонскиот народ се нареди во редот на народите кои му се спротивставиле на фашистичкиот експанзионизам и станал дел од атифашистичката коалиција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со почетокот на вооружената борба македонскиот народ се наредил во редот на народоте кои му се спротивставиле на фашистичкиот ексанзионизам и станал дел од антифашистичката коалиција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Одредите ги разби и нареди во мали групи да тргнат на југ, додека противникот со целата своја сила - тргна на север.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Друг албански офицер им наредува во нив да го товарат оружјето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во следниот момент Бахтијар-паша нареди во борбата да влезе и анадолскиот полк, артилеријата да почне од сите топови да го бие градот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ни донесе кутија со локуми со ореви кои Мајка ги нареди во подавалникот каде веќе беа поставени ѓезвињата за кафе со сините шолјички од порцелан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Писмата кои беа убаво наредени во натказната беа неми сведоци за неговото каење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А, се сеќавам дека престиж беше да имаш ноже специјално за правење форми од дуњата на Џорџе Балашевиќ, од „строубери“ од „Д Битлс“, од тиква од една за мене грда македонска песна, па да ги свариш во компот и задолжително да поделиш по комшиките зашто која е финтата ако теглите ги наредиш во визба во која само ти влегуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Воениот командант на Солун наредил во градот да се задржат три баталјони (2.400 души), што од Смирна биле упатени за Албанија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Работата е за жена, нели? Колку анами сакаш да ти наредам во сарајот?“ Воздивна ибн Пајко: „Ни една.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си се спремил, како за војна, не дај боже, му реков на Симона кога видов како е сѐ добро складирано и наредено во неговата остава.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеше само уште да ги гледа сите оние букови трупци, наредени во карма до тезговиот, готови да го заземат местото на оној пред бичкијата, како и целата таа просторија да имаше стеганати вилици како него, застанат во нејзината средина, уште еден ненужен дел, отповеќен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Влегуваат Херцог, Сивиќ и Клаус. Гостите стапуваат и аплаудираат. Се наредуваат во шпалир.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ване нареди што имаше да нареди во него, па се испружи на креветот Сега што?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едно момче нѐ разврза и нѐ нареди во оној рафт што беше празен.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тетка Анѓа ги затна ушите, постоја неколку мига намуртена поради вревата, па продолжи: - Сакам убаво да се наредите в ред.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)