насели (гл.) - во (предл.)

Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жими живиот Бог, ги гледа; тука, во сокаците на сиромашките маала, ене ги гледаат како на амалски колички некои нови луѓе ја довлекуваат скромната покуќнина и под присмотра на полицијата се населува во нивните испразенити домови, ги забележува во покриените чаршии на застанати како по навика покрај своите празни тезги во кои продаваа и тргуваа, во замолкнатите синагоги, на Плоштадот на слободата на кој, му раскажуваа сведоци, во 1908та на десет јазици солунските мултинационални сојузници на младотурците ги прогласија заедничките идеали за слобода и еднаквост според светлите европски примери, а 34 години подоцна, солунските Сефарди го доживеаа своето прво понижувачко ропство, од некои нови и отровни изданоци потекнати од искривоколчениот дух на таа иста Европа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Плоштадот на слободата, во покорениот град, на потклекнатиот Балкан, во згазениот континент.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се обидува да не размислува за него во минато време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што да прави сега со децата? Што ќе прави ако нешто му се случи, заглавена помеѓу овој град што ѝ стана туѓ, веќе снемилен дом и оваа војна што сите, па и неа ги насели во еден масовен кошмар?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По пристигнувањето на Аварите, во втората половина на VI век, дел се приклучиле кон нив и се населиле во областа на среден Дунав и Тиса, а други останале околу р. Волга, Дон и северниот брег на Црно Море.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се населува во Медон, кадешто пак се занимава со лечење на сиромашни, додека неговата жена дава часови по танц.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги стегаше тупаниците, се штипеше по образите, се бореше да си го врати здравото расположение, повторно да ја насели во својата глава здравата, ведра мисла, но колку подолго лежеше, сè потешки камења му се трупаа на душата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој ги утврдува своите латиноамерикански корени: „Јас би сакал да бидам способен да сликам сѐ, дури и Марија Антоанета, но со надеж дека сѐ што ќе сторам, ќе биде исполнето со латиноамерикански дух...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во 1951 година, по два месеци работа за една театарска трупа, Ботеро се населува во Богота, центарот на колумбиската авангарда.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
1914. Семејството заминува за Европа. Борхесови ги посетуваат Париз, Милано и Венеција, а потоа се населуваат во Женева, каде што таткото се обидува да ја излекува семејната болест, прогресивно слепило. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 222
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1918. Умира баба му по мајка. Семејството се сели во Лугано.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нора и Хорхе учат француски, а Хорхе оди во славната гимназија основана од Калвин и во која најголемо внимание се посветувало на јазиците, особено латинскиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хорхе Луис ги чита француските писатели Волтер, Бодлер, Флобер, Мопасан, Рембо и англиските Карлајл и Честертон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото продолжение, меѓутоа, содржи алегориска поука: она што е раселено во стварност, ќе се насели во главите, и тоа, зависно од самите глави, или како благослов или како проклетство, или како милоина на мислата и чувствата или како проклетиник, како наезда на глувци кои излегуваат од устите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги шири музикалната душа кревките крилца, се дели од претешкото тело и ене, се населува во три благородни животи, именувани егзотично: Анастазија, Филомена, Афродита.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Папируси полни со празни зборови, зборови што можеби се плод само на неговиот ум, а не на Божјата вистина која се населила во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зборови што се случиле заради студот што цел ден го сеќаваше, заради болките во зглобовите, заради лутината кон Петар, заради љубовта кон Лидија, заради каењето за Стефан, заради стравот од непостоењето...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стравот повоторно се насели во секое катче. Еден друг страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој не се решаваше да се пресели таму, во неговата земја, засекогаш да се насели во друг град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој се насели во Бегова чешма, во Битолско, кон крајот на Првата светска бојна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Наместо да ме населиш во тебе, да бидам твоја крв, Ти од мене направи олтар Пред него секој да се моли - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Она што ќе се насели во просториите на нашиот сон, сè едно во кое време се случувало тоа, не можеме тукутака да го парчосуваме и да ги искористуваме само оние делови што нам ни се чинат прифатливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Вие вистински имате присуствувано на арената во циркузот што го спомнувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По кои патишта Ти се насели во мене – јас не знам: како кученце свиткано в ноѕе скришум ги подотвораш очите и при секоја моја помисла на нешто се стресуваш набере пролетни грмотевици низ коски Ти лазат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Поради инаетот што сè уште си го чуваше во себе, се насели во фотелјата крај секогаш отворениот прозорец, со надеж дека еден ден ќе дише нормално.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Двете чорлави, бездомни деца се населија во него и првата преспиена ноќ во вагонот беше една од најмирните, најспокојни и најрадосни ноќи во нивниот скитнички живот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)