насетува (гл.) - прв (прид.)

И интересот за палестинското прашање не беше како некогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со благо склопени дланки, кренати во височина на градите, беше свртена кон прозорецот на кој се насетуваа првите знаци на зазорувањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во бродот беа присутни сите Титови обележја, освен него: неговата биста, неговата работна соба, неговиот свет од долгите пловидби, плочките на кои беа испишани имињата на славните посетители, покрај државниците и имињата на Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и други...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со благо склопени дланки, кренати во височина на градите, бев свртен кон прозорецот на кој се насетуваа првите знаци на зазорувањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во бродот Галеб се одржуваше Југославија во мало како во подвижен музеј, како објект во пловидба, со елитни кадети, избраници од сите народи и народности на Југославија кои на своето копно ги насетуваа првите тектонски поместувања на големата конструкција, а на морето беа како птиците албатроси со раширени крилја, принцеви на сините морски ширини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се насетуваа првите пукнатини на биполарниот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Земи здив и сонувај го небото, нашето Чистилиште,“ тивко зборував, како да кажувам молитва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)