насобере (гл.) - во (предл.)

Сѐ што сакаше беше да лежи мирно и да чувствува како силата му се насобира во телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Борко седеше во ладовина, под сенката на старата круша и врзуваше китчиња од вртипоп, синчец и други разнобојни цветчиња што ги беше насобрал во откосената трева.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Одеднаш многу прашања ми се насобраа во главата, а згора на сè и онаа Миру постојано ми се меткаше низ мислите, ама си молчев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Онаа густа топлина, онаа топла, мека болка, сега го заплиснуваше при секое ново и заедничко нивно пречекорување, а еднаш таа не можеше да не почне да му се насобира во грлото и тука да го грее, да тлее меко, згуснувајќи се, сѐ додека не беше свесен како тоа почнува и да му се тркала по двете страни од лицето надолу, кон слепоочниците со еден ист таков жежок и мек допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Што си глупава! - ѝ свикав, истурајќи во врз неа сиот јад што ми беше насобран во душата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не му помагаше тука сета ука од сите книги што ја беше насобрал во својата нестрижена глава, зашто се покажа дека уште нема книга што барем ќе го воведе ако нема да го води човека низ животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Да се доживее постоењето како трагично, значи да се постави прашањето за смислата на своето постоење, и на постоењето воопшто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледаше како и самиот да сака да започне поинаков разговор, но горкиот талог насобран во него не му дозволуваше да зборува за нешто друго.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што денес го оддалечуваме од нас се отровните нешта, кои се насобраа во периодот на лажното трпение.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тогаш татко ми беше сигурен дека нешто големо, големо се насобрало во душата на мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така би ја отстраниле сета нечистотија што се насобрала во време на сушното лето, кога воздухот има многу прав.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А самиот знаеш какви сè чудесии ќе насобере во својата торба таквата ала кога ќе тргне на пат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)