насолзи (гл.) - око (имн.)

Им се насолзија очите и на другите ученици и сите, низ оние три-четири реченици што Иле ги прочита за својата мајка, ја почувствуваа неа како своја.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На сите им се насолзија очите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Да!“ на старецот му се насолзија очите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зар мојата рака дотолку да му ги насолзи очите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мил ги насолзи очите, а Илко продолжи: - Богатство не спечалив за да ви оставам; ви оставам неколку совети: гледам синко дека премногу си вдаден во експериментот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Наде ја извади питата. На Марија пак ѝ се насолзија очите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Арафат ми зборуваше за средбите со Тито во Белград, на Бриони, на бродот Галеб. Му се насолзија очите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми зборуваше дека никогаш нема да ја заборават улогата на Тито, на Југославија, во поддршката на Палестина во најтешките моменти од својата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)